Најзагрозените економии во светот


Држави како Хрватска и Украина спаѓаат во рангирањето на 10 -те најдобри сринати и лоши економии во светот. Рангирањето е на британското списание “Економист”.

Информациите се уште не се објавени во печатеното издание на авторитетното економско издание, но главниот уредник на консултантската редакција на “Економист” ” интелеџенс јунит ” Роберт Ален Вард лично ги прошири податоците за најлошите економии во светот.

Во оваа листа се наоѓаат уште и следниве држави: Кипар, Порторико, Либија, Централноафриканската република, Венецуела, Гвинеја, Аргентина и Барбадос.

Според експертите во Лондон хрватската економија, се очекува да почне да се подобрува, најрано во 2015 година.

Во моментов хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ се наоѓа во САД на учество на пролетната средба на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Според него на овој форум “сите се восхитуваат од економијата на Хрватска”.


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …