Намален бројот на магистри, а зголемен бројот на доктори на науки


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 885 лица од кои 1 697 или 90 % се магистри и 188 или 10 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2017 годинa, е намален за 4.7 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2018 година изнесува 60.5 %.

Во 2018 година, најголем број од магистерските трудови, 1 031 или 60.7 %, се од областа на општествените науки, 24.9 % се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природноматематичките, биотехничките и медицинските науки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, звањето доктор на науки го стекнале 243 лица, што претставува зголемување за 16.3 % во споредба со 2017 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 34.9 %, потоа на медицинските науки, 28.8 %, следат хуманистичките науки со 18.5 %, а останатите лица докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2018 година изнесува 141 кандидатка, што претставува 58 % од вкупниот број лица што докторирале во 2018 година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 28.8 %, својата професија ја вршат во образовната дејност.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …