Намален бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.5 % и изнесува 5 103 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2019 година бележи намалување од 1.1 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5 152 лицa, а од нив 32 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува – 49, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 381 брак.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 592 разведени бракови.


Видете следно

Наслов: Донација од кинеската полиција за вработените во Министерството за внатрешни работи

Во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно …