Намален бројот на живородените деца во споредба со минатата година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во 2018 година се родени вкупно 21 484 деца, од кои живородени се 21 333, а 151 е мртвородено. Бројот на живородените деца во 2018 година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973).

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Во 2018 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.


Видете следно

СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини …