Nurse wearing respirator mask for stop Coronavirus Outbreak (COVID-19) and holding testing patients blood samples for Corona Virus from Wuhan China in Laboratory, Empty space isolated on long banner

Намалување на бројот на новозаразени, награда за матичните лекари со повеќе од 70 отсто вакцинирани пациенти


За 6,1 отсто се помалку новозаразени со КОВИД-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од дијагностицираните, односно 23,1 проценти, се повозрасни од 60 години, а најмалку (4,3 отсто) се регистрирани кај децата до девет години.

Во наведениот период биле направени 18 781 тест, што е 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, и од нив позитивни биле 2751 од 35 градови. Речиси половина (46,5 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово, 389,6 на 100 000 жители. Во текот на минатата недела пријавени биле и 44 реинфекции, што е за 10,2 отсто помалку во однос на претходната недела.


Пријавени биле 98 смртни случаи во 24 градови, додека во претходната недела имало 91 смртен случај во 21 град. Статус оздравени стекнале 2829 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во 22 града во државава има намалување на инциденцата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, а најзабележително е намалувањето во Пробиштип. Во 10 градови, пак, е забележано зголемување на инциденцата во последните 14 дена.


Во статистиката вчера за изминати 24 часа беа евидентирани 460 нови случаи, 543 оздравени пациенти и седум починати во едно деноноќие, како и дополнително пет со датум на смрт од 2 октомври до 27 ноември 2021.

Активни случаи во земјава има 8001, од кои 3797 во главниот град. Трицифрени активни имаат уште 13 градови, а четири од нив со повеќе од 300: Битола (623), Прилеп (423), Велес (326) и Кавадарци (305).


Владата вчера на седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.
Скопје, 1 декември 2021 (МИА)


Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …