Намалување на индексите на трошоците на животот кај сувото овошје и јаткастите производи за 4.3 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај сувото овошје и јаткастите производи за 4.3 %, свежото и разладеното овошје за 2.2 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.2 %, свежата и разладена риба за 0.7 %, јајцата за 0.3 %, оризот, другите преработки од месо, маслото и маснотиите, жестоките пијалаци за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20.9 %, туристичките пакет-аранжмани за 4.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.2 %, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 2.1 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 1.8 %, телефон и телефакс опремата за 0.8 %, одржувањето и поправката на сопствените сообраќајни средства за 0.3 %, ткаенините, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.2 %.

Пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушеното, соленото и чаденото месо за 1.1 %, другите прехранбени производи и цигарите за 0.7 %, виното за 0.5 %, трбушките, млекото за 0.4 %, месото за 0.3 %, другите пекарски производи, минералната вода, газираните пијалаци, сокови од овошје и зеленчук за 0.2 %.

Во октомври 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот, исто така, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 5.8 %, информатичката опрема за 2.1 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.5 %, конфекцијата за 1.4 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.3 %, отпадната вода за 0.9 %, автомобилите, велосипедите и домашните миленици и сродни производи за 0.8 %, текстилот за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, средствата за чистење и одржување на станот, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 %, снабдувањето со вода, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи, другите услуги, неспомнати на друго место за 0.4 %, обувките за 0.3 %, услугите за одржување и поправка на станот, течните горива за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, бележи намалување од 0.2 %, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.6 %.


Видете следно

Следната година планираме да реконструираме преку 1200 километри патна мрежа

Силната инвестициона активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал. Очекувам голема реализаиција на капиталните …