Наместо да изнајмите апартман или стан, едноставно разменете го со вашиот преку овие неколку платформи


Кога во 2008 година финансиската криза го погоди светот, патниците не се исплашија. Тогаш изникнаа сајтови за размена на сопствени домови, а денес системот е многу популарен.

Американските и европски клубови за размена се натпреваруваат да организираат општества од истомисленици.

Да се ​​разгледаат домови и да си помечтае да се поживее во нив не како гостин, туку како дома. Да ја почувствува атмосферата на местото не како турист, а преку очите, културата и начинот на живот на локалното население. Притоа речиси бесплатно.

Постојат пет правила на огласот:

1. Фотографиите се првото и најважното нешто што луѓето го гледаат. Качете по можност професионално направена фотографија.

2. Опишете го многу внимателно домот и не пропуштајте ги предностите како одлична глетка, градина, базен, интернет и телевизија, дури и играчки за децата.

3. Пишете ги најинтересните места или знаменитости околу домот

4. Добро е да снимите видео на домот.

5. Секогаш ажурирајте информации и бидете искрени.

Некои корисни адреси:

www.lovehomeswap.com е со над 64 000 предлози за куќи во Австралија, Нов Зеланд, САД, Канада, Тајланд, Шпанија и Италија

www.homeexchange.com е мрежа со над 55 000 понудени домови, од кои 26% се во САД, а останатите се во привлечноста за туристите места во Велика Британија, Канада, Франција и Италија.

www.planet-swap.com нуди за размена станови, бунгалови, фарми, куќи или каравани во француската покраина.

Сајтовите www.homelink.org и www.homeexchange.com се од ретките кои нудат преведувачки услуги на 16 јазици, а www.knock.com кој е ориентиран кон размената на гостувања на семејства со деца, нуди 5 јазици. За жал, македонскиот не присуствува никаде.

Годишната членарина во клубовите home swap е од 0 до 500 долари за САД или еквивалент во евра за Европа. Во САД средната вредност е од 50 до 100 долари. Сајтовите кои нудат луксузни домови, се со повисоки такси.


Видете следно

РЕАКЦИЈА НА ЗМСТАС: ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВСТВО БЕЗ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ?!

„Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги.” – Унијата на …