Напорите на Европа и Централна Азија за постигнување на целта ‘Свет без глад’ се загрозени од сиромаштијата и климатските промени


Постигнување на целта ‘Свет без глад’ во Европа и Централна Азија бара поддршка за малите земјоделски стопанства и семејните фарми во намалување на сиромаштијата и, со оглед на климатските промени, одржливо управување со природните ресурси, истакна Генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва.

Регионот “постигна значителен напредок” во намалување на неисхранетоста во текот на изминатите години, “но во некои земји гладта е сè уште загрижувачка”, рече Грацијано да Силва на отворањето на Регионалната конференција на ФАО за Европа и Централна Азија, која е во тек, на која присуствуваат министри и други високи функционери од 42 земји.

“Постојаната неисхранетост и руралната сиромаштија во Европа и Централна Азија повикуваат на уште поголеми напори ако сакаме да постигнеме Свет без глад до 2030 година”, изјави Генералниот директор на ФАО за учесниците на конференцијата.

Гладта бележи пораст во светот во 2016 година, по повеќе од 10 години пад и прелиминарните податоци укажуваат дека, исто така, има дополнително зголемување на преваленцата на недоволна исхранетост во 2017 година, истакна Грацијано да Силва.

Тој посочи на неодамнешните наоди на ФАО кои покажуваат дека 14 милиони луѓе во регионот на Европа и Централна Азија, главно во руралните средини, сè уште се соочуваат со недоволно храна за сите. Меѓу најтешко погодените се Таџикистан, каде што 30 проценти од населението е недоволно исхрането, Молдавија (8,5 отсто), Грузија (7 отсто), Киргистан (6,4 отсто) и Узбекистан (6,3 отсто).

Грацијано да Силва особено ја истакна важноста на работата на ФАО во регионот, за зајакнување на малите земјоделски стопанства и семејните фармери, од аспект на намалување на сиромаштијата, како и за одржливо управување со природните ресурси во услови на климатски промени.

Прекумерна тежина и дебелина
Генералниот директор на ФАО, исто така, истакна дека постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG) бр. 2 значи искоренување на сите форми на неисхранетост, вклучувајќи недостатоци на микронутриенти во исхраната, како и преухранетост.

Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев на средба со претставници на Југохром – Приоритет на Владата е Југохром да се рестартира и да работи во согласност со еколошките стандарди

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставници …