Направени рекордни 59.1 милијарди долари, преку онлаин продажби во САД


Рекордни 59.1 милијарди долари, преку онлаин-трансакции за прв пат се направија во САД. Тоа се случило на Black Friday (црниот петок) во САД и викендот за Денот на благодарноста, соопштија светските агенции.

Според податоците на Федерацијата за малопродажба во САД во “црниот петок” Американците потрошиле рекордни 59.1 милијарди долари (околу 423 долари по човек). Во овие денови продавниците биле посетени од 139 милиони Американци, што е за 8 милиони повеќе отколку пред една година. За прв пат Американците потрошиле над 1 милијарда долари за интернет шопинг.

Продажбата преку интернет се зголеми за речиси 21% во споредба со 2011 година. На семејниот празник – Денот на благодарноста – во четвртокот продажбата онлаин скокна со 17.4 проценти во споредба со минатата година, посочува истражувањето на IBM Digital Analytics Benchmark.

Анкета покажа дека повеќето Американци кои работат во канцеларии, планираат денеска да си купат потребните стоки, и да не се одделуваат од службениот компјутер. Според експертите најмногу онлаин купувања се прават на пладне.


Видете следно

Заврши меѓународна коференција за продлабочување на односите меѓу граѓаните од Дупница и Крива Паланка

Заврши четиридневната меѓународна конференција, која се спроведе во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена …