Народна банка: Вкупните депозити непроменети, кредитирањето продолжува да расте


Вкупните депозити се непроменети во споредба со март, а годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата, покажуваат податоците на Народната банка.

Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а на годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се што должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 6,5 отсто, односно 7,8 отсто.

Кредитирањето на годишна основа на корпоративниот сектор бележи раст од два отсто, додека кај домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто.

Скопје, 21 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Дали навистина нè чека ценовна инфлација?

Економијата е поразлична од природните науки.  Во областа на човековото дејствување нема квантитативни зависности или …