Народната банка ја организира 37. сесија на Клубот на истражувачите – објавен повик за пријавување работни материјали


Скопје, 19 ноември 2020 (МИА) – Народната банка објави повик до истражувачите кои се заинтересирани да презентираат работен материјал на 37. сесија на Клубот на истражувачите, да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 27 месецов.

Сесијата ќе се одржи на 17  следниот месец со почеток во 14 часот, преку видеотелеконференциска врска.

-Зачленувањето во Клубот на истражувачите на Народната банка е од отворен карактер. Тој е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, информира Народната банка.

На сесиите на Клубот на истражувачите како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. лв/сп/


Видете следно

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, …