Народните банки на Македонија и Хрватска потпишаа меморандум за соработка


Денес, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки.

Меморандумот предвидува размена на знаења и искуства во областа на банкарството, примената на меѓународните принципи и супервизорски стандарди за претпазливо банкарско работење, заради натамошен развој и јакнење на финансиската стабилност и поттикнување одржлив економски раст во двете земји.

Овој меморандум е резултат на долгогодишните пријателски односи помеѓу двете централни банки и воедно, обезбедува продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите коишто ќе произлезат во наредниот период.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …