Наставник Гоце Бумбароски: Министерството одлучува за сите нас, а ние немаме исти услови за работа


„Точно пет месеци училиштата се под посебен режим на работа поради ситуацијата со Корона вирусот.
И замислете…
По 5 месеци ние немаме официјален став од надлежните за почетокот на новата учебна година која за скоро ќе ни тропне на врата.
Кога велам надлежни не мислам само на министерствата.
Едно нешто не можам да разберам, а тоа е тоталната централизација…
Министерството одлучува за сите нас, а ние немаме исти услови за работа, и немаме иста стартна точка.
Секоја општина, секое училиште, секое одделение, секое семејство се приказна за себе. Нели најдобро е секоја општина, училиште, учител и семејство да одлучуваат за начинот на реализација на наставата од 1ви Септември?
Како родител подготвен сум моите деца да ги пратам во училиште/градинка затоа што верувам во нивната одговорност и почитување на протоколите за заштита од Ковид19.
Мене ме загриживаат несовесните родители кои и пред оваа пандемија ги праќаа своите деца под лекарства и терапија во училиште/градинка, ме загрижува нивната безгрижност, лажирани бактериолошки брисови… Ме загрижуваат разгалените родители и нивните разгалени деца.
Но, исто така како родител подготвен сум и да ја дадам мојата поддршка за онлајн наставата, доколку тоа е единственото понудено решение.
Како наставник ќе им излезам во пресрет на сите мои ученици:
За сите родители кои сакаат нивните деца да посетуваат настава со физичко присуство јас ќе им бидам достапен на моето работно место со сите потребни пропишани протоколи за заштита.
На оние родители кои сакаат нивните деца да следат онлајн настава исто така ќе им излезам во пресрет со тоа што ќе можат да добиваат задолженија преку онлајн платформа.
П.С
Најлесно е да ги обвиниме наставниците или родителите за различните размислувања кои ги имаат. Но одговорноста е кај секој од нас. Доколку сите одговорно постапуваме и се придржуваме кон правилата, нема потреба од грижи, навреди и префрлање на топката од едни кон други…
П.П.С
„Движењето е многу важно за децата. Затоа не смееме да им дозволиме да седат и да гледаат во екранот седум или осум часа. Живи суштества што не се движат се растенијата, тие немаат неврони, а мозокот се развива во движење. Детето мора да открие додека учи“ – Ранко Рајовиќ“.

Фејсбук статус: Наставник Гоце Бумбароски


Видете следно

PURECLOUD македонски иновативен уред кој ја мери загаденоста на воздухот а кој секоја надлежна институција треба да го има!

Македонската иновација PURECLOUD има примена во секоја средина каде постои проблем со загаденоста на воздухот  …