НБГ постигна 2 милијарди евра вишок на капитал


 Според динамичниот стрес тест на билансот
 Без да се земе предвид значителениот износ на дополнителниот капитал кој произлегува од новиот закон за даночен кредит

Поради тоа, не е потребно обезбедување на дополнителен капитал

Заедно со други 129 банки во Европа, НБГ учествуваше во ЕУ стрес тестот, воден од страна на ЕЦБ во соработка со Банката на Грција, за делот на системски важни банки од Грција. Оценувањето, кое започна во ноември 2013г. и траеше 12 месеци, овозможува воспоставување на системот за банкарска супервизија на Европско ниво (SSM – Single Supervisory Mechanism) и е препознаен како важен чекор кон поголема транспарентност во европскиот банкарски систем.

Вредно е да се напомене дека европските банки со одобрените планови за реструктуирање до 31.12.2013г. се оценувани по сценариото на Динамичен биланс, кој го зема предвид резултатот на горенаведените планови за реструктуирање, додека сите други банки се оценувани по сценариото на статичен биланс. Плановите за реструктуирање на грчките банки, чии планови за реструктуирање беа одобрени во 2014г. се оценувани по двете сценарија.

Резултатите за НБГ се следни:

– Динамичниот стрес тест на билансот, креиран како стрес сценарио кое го зема предвид планот за реструктуирање на НБГ за периодот 2014 – 2018 усогласен со Европската комисија на 13ти јули, 2014 беше направен со примена на истата строга методологија и принципи како кај статичниот стрес тест на билансот. Динамичниот стрес тест на билансот резултираше со стапка на адекватност на основниот капитал на Банката (CET 1 ratio) од 8.9% која е 340 базични поени над минимумот од 5.5% и вишок на капитал од 2 милијарди евра.

– Статичниот стрес тест на билансот, кој се однесува на 2013 година – практично како година со најмногу предизвици за НБГ – резултира со кусок на капитал од 0.9 милијарди евра вклучително и зголемувањето на капиталот во мај 2014 година. Овој кусок е веќе покриен од остварената профитабилност на НБГ за првите 6 месеци од 2014г како и веќе завршените активности за обезбедување на дополнителен капитал.

– Согласно препораките на ЕЦБ, НБГ ќе го достави веќе одобреното сценарио од динамичниот стрес тест на билансот како капитален план кој резултира со вишок на капитал од 2 милијарди евра. Со тоа, не се потребни активности за обезбедување на дополнителен капитал.

Сите горенаведени бројки не го земаат предвид дополнителниот регулаторен капитал, кој треба да биде признаен како резултат на Законот за даночен кредит, изгласан на 16ти октомври 2014 година, во износ од 0.7 – 1.2 милијарди евра.

НБГ останува фокусирана на спроведувањето на својот план за реструктуирање, финансирање на опоравувањето на грчката економија и подржување на своите клиенти во регионот.


Видете следно

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на …