Не пропуштајте: Утре е светската премиера на новата Opel Mokka


Новата Opel Mokka е вистинска привлечност за очите. Тоа покажува сè за што се залага Opel денес и во иднина. Mokka совршено ги отелотворува вредностите на брендот Opel – германски, достапен, возбудлив – и ја воведува дизајнерската филозофија за следните десет години. Како целосно електрична Mokka-е дури вози и целосно без емисија на штетни гасови. Официјалната светска премиера и почетокот на нарачките за новaтa Мокка е утре, 22 септември 2020 година. Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер и неговиот експертски тим детално ќе ја претстават Мокка и ќе ги објават цените – и за верзиите со бензински и дизелски мотори и за електричната Mokka-е. За прв пат, електрифицираната варијанта на моделот може да се нарача и на почетокот на продажбата.

За жал, поради строгите преpораки поради Covid-19, само мала група луѓе може да учествува во настанот на самото место во Риселсхајм. Сепак, прес-конференцијата може да се гледа од 13 часот по средноевропско време на 22 септември на YouTube. Делот за прес материјалите на сајтот исто така ќе содржи нови слики и целосен прес материјал за новата Mokka во исто време.


Видете следно

Веднаш да престанат вербалните и сите други напади кон новинарите, порачаа ЗНМ и СЕММ

Периодов продолжуваат серија вербални или напади преку социјалните мрежи, како и закани кон новинарите во …