Не се очекуваат проблеми со откупот на грозјето годинава, иако има извесни залихи од минатогодишната реколта


Министерот за земјоделство,Трајан Димковски смета дека не би требало да има проблеми со откупот на грозјето годинава, и покрај тоа што се уште има непродадени количини вино од минатогодишната реколта.

При неговата денешна посета на Кочани тој најави договарање со производителите на грозје и вино за евентуална финансиска и друга поддршка што би ја обезбедила ресорното министерство.

– Резервите на вино од минатата реколта беа околу 75 милиони литри, колку што пред еден месец пријавија винарниците. Овие колични веќе се намалуваат и ние секојдневно добиваме информации како се одвива извозот на пакувано и наливно вино, па извозниците веќе не се толку засегнати за да се интервенира со дополнителни субвенции за претворање на вино во дестилат. Во интензивна комуникација сме и за подобра подготвеност за претстојната берба за оваа година, условите за производство засега се добри и покрај кризата со коронавирусот, а веќе следната недела ќе имаме заеднички разговори на кои ќе изградиме ставови кои мерки да ги планирме и преземеме, за да бидат сигурни и самите лозари дека нема да им останат неоткупени количини. Мерката ќе биде заеднички донесена, со оглед што има предлози и од производителите и од винарниците, но и ние имаме наши размислувања, истакна министерот Димковски.

Кочани, 23 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот …