НЕФОРМАЛЕН РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН


Во период 11-12.06.2018 година, директорот на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Република Албанија.

Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Македонија во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година.

На состанокот се дискутираше за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …