Неколку десетици рудари заробени во руски рудник по пожар


Четириесет и пет рудари се останати заробени под земја по пожар во рудникот за јаглен во руската област Кемерово во Сибир, соопшти денеска регионалниот истражен комитет.

„Во тек е операцијата на евакуација на рударите од рудникот ‘Листвијажнаја’ и досега на површина се извадени 70 рудари”, соопшти Комитетот.


„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад, а во моментов се утврдува и бројот на жртвите во инцидентот”, се наведува во соопштението на Комитетот.

Руските медиуми, цитирајќи официјален претставник на рудникот, јавија дека засега не е позната судбината на 75 рудари. сд/


Москва, 25 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Силен земјотрес регистриран во близина на Источен Тимор

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на …