Нема плаќање на данок за приходите остварени на берза од 2013-2015 година


Приходите што се остваруваат во вид на паричен надоместок од страна на националните уметници согласно Законот за национали уметници, според измените од Законот за персонален данок на доход, нема да се однаночуваат.

Министерoт за финансии, Зоран Ставрески, ова го изјави на вчерашната седница на владата на која најави и редица други измени законите од областа на оданочувањето и хартиите од вредност.

Од плаќање персонален данок се ослободуваат и приходите што се однесуваат на капитални добивки и тоа во период од 3 години.

Според ова во 2013, 2014 и 2015 година, заклучно со крајот на 2015, ќе се ослободат од плаќање на персонален данок капиталните добивки што се остваруваат на берзата, рече вицепремиерот.

На седница владата ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност. Со измените се акционерските друштва, добиваат задолжителна котација но тие ќе добијат исклучително долг преоден период кој ќе изнесува пет години и тоа од 30 април 2013 до 30 април 2018.

Измените ќе има и во делот кој се однесува на структурата на органите на управување и на работењето на Комисијата за хартии од вредност.
Извор: скај.мк


Видете следно

Намален бројот на работници во индустријата

За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата  во периодот јануари ‒ август …