Нема повеќе пари за субвенции за велосипеди


Град Скопје ги информира граѓаните дека целосно се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување велосипед, односно до крајот на денешниот ден се пристигнати 3131 барања.

Со ова, исполнет е условот за завршување на дел од јавниот повик, со што од утре /07.06.2018 година, четврток/ сите пристигнати барања на граѓаните  до архивата на Град Скопје нема да бидат примени.

Со Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди за 2018 годинa, граѓаните имаа можност да набават велосипеди, а Градот Скопје да ги субвенционира во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За потсетување, за оваа намена во Буџетот на Град Скопје за 2018 година беа предвидени 9 милиони денари.

Дополнително, ги информираме граѓаните дека вториот дел од јавниот повик, наменет за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност се уште е во тек и има средства за оваа намена.

За потсетување, Градот Скопје ќе субвенционира 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени еден милион денари и овој дел од повикот ќе биде активен се до исцрпување на средствата или до крајот на рокот на важење (31.08.2018 година).

Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/uploads/јавен повик за велосипеди.pdf  

Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди за 2018 година граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска –

www.skopje.gov.mk/uploads/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D1%83%D0%B1%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8.doc  

Барањето за добивање субвенции граѓаните можат да го преземат на следната интернет врска –

www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D1%83%D0%B1%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4.docx

Субвенционирањето на граѓаните за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

 


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …