Неопходно е да се случат промени на уставот: на маса е предлогот за двојазични банкноти?


Осман Кадриу открива – неопходно е да се случат промени на уставот за да се реализира платформата на Албанците, а на маса е и предлогот за двојазични банкноти.

Во изјава за Телевизија Алсат, професорот Осман Кадриу кој е во тимот на ДУИ за разгледување на платформата за можна коалиција со СДСМ, вели дека е неопходно да се случат промени на уставот за да се реализира платформата без таа да биде укината од уставниот суд. Помеѓу другото, според позицијата на ДУИ, која ја открива Кадриу, треба да се оди и кон тоа на денарите да има два јазици, македонски и албански.

– Некои од неговите забелешки за овој нацрт предлог се дека актите на Собранието кои се наменети за надвор од него, да бидат на два јазика, како и таблата на парламентот, печатите, четвртестите печати за актите кои доаѓаат од надвор, одлуките кои Владата ги праќа во правен промет, ги праќа до Собранието да бидат на два јазика и други забелешки. Сепак, Кадриу вели дека на партиите им предложил и промени за кои има потреба од разгледување, ревизија на Уставот, како двојазичноста во банкноти и одобрување на овие предлози во Собранието со просто мнозинство.Според Кадриу, овие предлози треба да бидат одобрени еден по еден, а не истовремено, за ризикот на одбивање да биде понизок. – јавува Алсат.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, со сличен став, дека реализацијата на платформата е единствен начин да се стигне до договор со СДСМ.

-Нормално, прашањето на употребата на јазикот, но, исто така и на платформата на политичките партии на Албанците е многу важна, не само за ДУИ, туку и за сите политички партии на Албанците и се надевам да има фер одгвоор со оглед на фактот дека евро – атлантските интеграции на земјата зависат многу од тоа како ќе се движи формирањето на новата влада. Оваа атмосфера на разговорите ја ценам како конструктивна. Траеше повеќе, бидејќи имаше многу детали и желби во однос на надминување на разликите, но јас сум многу убедена дека има заедничка воља за да се постигне договор.” – изјави Теута Арифи, потпретседател на ДУИ.

Денес, лидерите на ДУИ и Алијансата на албанците се на состанок на кој ги пеглаат ставовите во преговорите со СДСМ, пишуваат од арена.


Видете следно

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк” за 2019 година, за одличен квалитет при …