Неутралниот вкус на сончогледовото масло Брилијант ги прави традиционалните јадења повкусни


Неколку факти од производниот процес на Брилијантот што придонесуваат за неговиот висок квалитет

Интензитетот на одредени масла за јадење може целосно да го измени вкусот на приготвената храна и рецептите. Доколку е со силен и интензивен мирис и вкус, маслото може да преовладува и да го менува вкусот на храната. Сончогледовото масло Брилијант има неутрален вкус што го прави најсоодветно дали за традиционални или за секакви видови рецепти и салати.

Во текот на технолошко-производниот процес Брилијантот поминува низ процеси што го прават да биде со совршен, избалансиран и нутритивен состав.

„При производството на сончогледовото масло Брилијант се користат методи, што придонесуваат за неговиот висок квалитет. Тука се врши максимално контролирање како и манипулирање во однос на дозирањето и протокот кај неутрализацијата, што значи и оптимално искористување на суровините. Со винтеризацијата како дел од процесот на рафинација отстранувањето на восоците е постигнато до најголема можна мера а со тоа и изгледот на финалниот производ е усовршен. Белењето како дел од процесот овозможува контрола на бојата на маслото за јадење во зависност од побарувањата на пазарот. И на крајот се прави дезодоризацијата, што е финалниот дел од процесот на рафинација и тој претставува круна на целиот процес во кој во услови на вакуум се отстрануваат сите непожелни компоненти кои влијаат на органолептичките особини на маслото, како мирис и вкус. После сето ова се добива финален производ со сите потребни квалитети и нутритивни вредности“, вели технологот во фабрика 3 на П.И. Витаминка ад Прилеп, Александар Давков.

Целиот процес е автоматизиран и усогласен да се одвива континуирано, а е следен и поткрепен со резултати од  интерна лабораториска контрола. Управувањето на процесот, како и неговото следење е преку PLC (programmable logic controller) компјутер поврзан со 4 монитори на кои се претставени сите етапи од процесот. На тој начин е овозможена прецизна контрола на процесот од сите клучни аспекти како што се проток, температури, нивоа, притисоци.

Извор: Витаминка

 


Видете следно

Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од општина Кисела Вода

Денеска градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со бизнис заедницата и со претставници на спортските …