Невработените млади во светот стигнаа 73 милиони


Над 73 милиони млади луѓе во светот се невработени, a очекувањата се ситуацијата да продолжи да се влошува. За оваа вест извести Меѓународната организација за труд (International Labour Organization – ILO), пренесуваат од АFP.

“Слабеењето на глобалното економско заздравување во 2012 и 2013 година ја продлабочи уште повеќе кризата со невработеноста на младината. Oпашките од лицата кои бараат работа стануваат подолги “, посочуваат од организацијата.

Во докладaта на ILO се забележува дека 73.4 милиони луѓе низ целиот свет на возраст меѓу 15 и 24 години ќе бидат без работа до крајот на 2013 година. На овој начин само по 2007 година бројот на невработени ќе порасне за 3,5 милиони луѓе .

Податоците од извештајот покажуваат дека ситуацијата во Европа забележува делумно подобрување во последните месеци. Сепак, невработеноста најверојатно нема да падне под 16% до 2018 година.

 



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …