Невработените семејства во Америка, земаат по 8 000 долари помош годишно!


Американската влада склучила договор за помош за безбработни милионери во вкупна вредност од 80 милиони долари за време на најтешкиот период од економската криза, открива извештајот на Bloomberg, објавен денеска, врз основа на информации на даночните служби. Рекордер е еден од примателите, кој има годишни приходи во вредност од 29,9 милиони долари.

Вкупно околу 3,200 домаќинства со приходи од над 1 милион долари се корист од владините програми за помош при невработеност, а околу 20% од нив се жители на Њујорк. Тие зеле во просек по 12 600 долари во 2010 година, нагласуваат од Bloomberg.

Иако звучи шокантно, сумата од 80 милиони долари претставува помалку од 0,01% од предвидувањето на дефицит за оваа година од 845 милијарди долари.

На национално ниво, исплатените суми за помош за невработеност се зголемиле до 94 милијарди долари во 2012 година, речиси три пати повеќе од таа во 2007 година или 33 милијарди долари. Највисоки се трошоците по оваа ставка за 2010 година – 150 милијарди долари.

Реалната невработеност во САД, која вклучува Американци како и оние кои од економски причини работат со скратено работно време кое достигна 17,1% во април 2010 година Во февруари 2013 година, показателот изнесуваше 14,3%, проценуваат од страна на Бирото за труд и статистика.

Експертите истакнуваат уште дека парите добиени од милионерите претставуваат едвај 0.035% од вкупната сума помош за невработени, поделени на 9,2 милиони Американци во септември 2010 година.

Индивидуалните, примачи се помалку од еден процент од вкупно 280,360 жители на земјата со приход од над 1 милион долари.

Просечно американско семејство, кое има право на помош за невработени, добило по 8 050 долари во 2010 година, открива статистика на даночните служби. Најмалку, по 3 034 долари, се дадени на 283,667 домаќинства, отчетни бруто приходи од под 5.000 долари.

Триесет и три домаќинства, заработуваат над 10 милиони долари, и добиле чекови за 11 455 долари.

 

Извор: news expert


Видете следно

Повлечен авансот за кинеските вакцини, но договорот не е откажан

Министерството за здравство го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од кинескиот …