Невработеноста во Шпанија продолжува да опаѓа


Невработеноста во Шпанија продолжува да бележи пад, иако не многу значаен. Во јули, таа е намалена за 0,6%, a причината е сезонската вработеност по одморалиштата. Ова го покажуваат податоците на шпанското Министерство за вработување.

Иако ова е привремен тренд во земјата, се уште 4,42 милиони лица се без егзистенција. Освен тоа ако се исклучат сезонските работници благодарение на туристичката индустрија, во последните 12 месеци бројот на невработени во Шпанија се зголемил за 32 357 души.

И покрај трендовите, се повеќе економски индикатори покажуваат дека земјата полека се извлекува од рецесијата.



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …