Невработеноста во Велика Британија достигна 7.8%


Невработеноста во Велика Британија се зголемила за нови 7.000 лица, односно до 2,52 милиони Британци за периодот од ноември 2012 година до јануари 2013 година.

Ова зголемување ќе има дополнителен притисок врз министерот за финансии Џорџ Осборн пред објавувањето на буџетот, информира “Би-Би-Си”.

Бројот на луѓето кои претендираат за помош за барање работа во февруари се намалил за 1.500 до 1.54 милиони луѓе, што е најниско ниво од јуни 2011 година. Сепак вкупниот процент на невработени е 7.8%.

Британскиот министер за труд Марк Хобан изјави дека денешните податоци покажуваат дека владата им помага на луѓето со еднократна помош, како и за да најдат работа, со оглед на тешката економска состојба во земјата во моментов.

“Се уште се соочуваме со предизвици, поради што работиме напорно за да може оние кои бараат работа, да ја добијат целата помош и поддршка”, посочува Хобан.

Озборн рекол на колегите од другите министерства, дека ќе треба да ги намалат за 2% трошоците во следните две години, за да се заштедат околу 2,5 милијарди фунти.

Во средината на февруари, стана јасно дека корисничката инфлација во Велика Британија се задржува – 2,7% до јануари.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …