New York Times пушта поевтино и пократко печатено издание


Еден од најпопуларните американски весници – New York Times, планира да лансира на пазарот пократко и поевтино печатено издание. Целта е да се најде рамнотежа помеѓу она што читателите сакаат да го добијат како содржина и тоа колку се подготвени да платат за него, информираат од Mashable.

Во последно време медиумите се обидуваат да развијат различни опции, па да понудат нешто добро на своите клиенти и во исто време да обезбедат доволно профит. Така тие на пазарот ги пуштија апликациите NYT Now и NYT Opinion. Последните податоци за профитот на New York Times, сепак, покажуваат дека печатеното издание добива сé помалку од реклама, а во исто време неговите читатели се намалуваат.

Поевтиниот Times ќе биде насочен кон читателите кои немаат толку високи барања кон содржината и ќе има како печатена, така и дигитална верзија. Покрај тоа што може да се стимулира побарувачката, овој чекор ќе ги намали и трошоците за печатење на весникот.


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …