News Corporation објави загуби за 2,1 милијарди долари од издавачкиот бизнис


News Corporation објави дека во текот на изминатата финансиска година, изгубила 2,1 милијарди долари од издавачкиот бизнис, соопштува BBC.

Приходите се намалиле за 5%, главно како резултат на затворањето на News of the World, по скандалот со прислушкувањето на телефони во Велика Британија.

Компанијата објави загуби, откако формално аплицирала пред државните регулатори за да го раздели бизнисот на два дела.

News Corp планира да го подели издавачкиот бизнис од филмскиот и телевизискиот бизнис.

Издавачката куќа која имала добивка од 678 милиони долари во 2011 година, ќе биде наречена New News Corp. Таа ќе ги вклучува издавачот на книги Harper Collins, британските весници Times и Sun, како и Wall Street Journal, New York Post и Australian.

Повеќе профитабилни телевизиски и филмски бизниси ќе се викаат Fox Group и ќе го вклучуваат американскиот телевизиски канал Fox News и филмското студио 20th Century Fox.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …