Независната угостителска комора започнува со издавање на сертификати и печати за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО”


НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА Е ПРВАТА КОМОРА КОЈА МИНАТАТА НЕДЕЛА ГО ПОТПИША МЕМОРАНДУМОТ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ОВЛАСТУВАЊЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ “SAFE TRAVELS”.

ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ И СОСЕДНИТЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ, А СО ЦЕЛ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ПОБРЗО ВО ПРЕСРЕТ НА ПОТРЕБИТЕ И БАРАЊАТА НА НАШИТЕ ЧЛЕНКИ ОД СРЕДА 14-ТИ АПРИЛ ЗАПОЧНУВАМЕ СО ИЗДАВАЊЕ И НА СЕРТИФИКАТОТ СО ПЕЧАТ “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” (CLEAN & SAFE) ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ КОИ ГИ ПРИМЕНУВААТ И ПОЧИТУВААТ ВО ЦЕЛОСТ ПРЕПОРАКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА КОВИД-19


Во очекување на обуките за имплементација на протоколите и издавање на сертификати “Safe travels” кои Министерството за економија треба да ги организира и имплементира во соработка со Швајцарската Амбасада, Независната угостителска комора – НУК за потребите на своите членки за укажување на гостите за стандардите, протоколите и препораките кои моментално ги применуваат во работата на своите угостителски објекти од 14-ти април започнува со издавање на сертификати и печати “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” – (eng. “Clean & Safe”). Членките на комората за своите угостителски објекти кои ги исполнуваат безбедносните услови и препораки за добивање сертификат согласно протоколите од СЗО усогласени со препораките и протоколите од Комисија за заразни болести, препораките за превенција и заштита од ковид-19 се здобиваат бесплатно со правото за користење на серификатот “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” за период од 6 месеци.

Швајцарските здруженија и асоцијација за трговија и туризам се првите кои започнаа со издавање на ваквите сертификати и печати “Clean & Safe”. Со оваа кампања и сертификација им дава на посетителите и гостите до знаење дека посетуваат трговски и угостителски објекти кои свесно се обврзале да ги почитуваат сите правила, процедури, препораки и протоколи за работа со кои се обезбедува и осигурува чист и безбеден престој. Швајцарската кампања „Clean & Safe” е поддржана и од Switzerland Tourism.

Кон македонската кампања “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” очекуваме да ни се приклучат и останатите релевнтни институции, комори и здруженија во издавањето на сертификати и печати за нивните индустрии за што се надеваме дека истата ќе биде подржана и од сите државни и надлежни институции во интерес на подигање на јавната свест за зачувувањето на јавното здравје во посетата на сигурни објекти во кои правилно се почитуваат и применуваат препораките и протоколите за работа на истите.

Во време на здравствената криза со пандемијата Ковид-19 во која сме затекнати повеќе од една година за секој наш гостин најважно е здравјето и неговата сигурност во престојот на угостителските објекти кои ќе мора да покажат и докажат дека ги исполнуваат бараните стандарди, препораки и услови за безбедност и превеција во заштитата на здравјето.

Сериозните угостителски објекти (ресторани, кафетерии, барови, хотели и клубови) сега имаат можност преку единствени процедури кои ги обединуваат сите препораки дадени од Светската здравствена организација, како и препораките кои се применуваат во соседството и Европската унија, заеднно со протоколите за работа дадени од Комисијата за заразни болести, насоките и препораките за справување и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 од Министерството за здравство и Владата да направат проверка и да го усогласат своето работење со цел да се здобијат со глобално признаени сертификати со кои на домашните и странските гости им се гарантира поголема безбедност во посетата на овие објекти. Добивањето сертификат за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” е од посебно значење не само за време на пандемијата Ковид-19, туку и за постковид периодот, затоа што не само локалните гости туку и на останатите потенцијални туристи и посетители на Македонија сакаме да им укажеме дека сме тука да се грижиме за нивната сигурност и здравје при нивната посета и престој во нашите реномирани угостителски објекти.

Сертификацијата и добиениот печат угостителските објекти можат да го користат во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на рестораните и хотелите. На овој начин се добива единствена потврда дека угостителските објекти ги исполниле не само одредени локални стандарди туку дека исполнуваат и многу глобални стандарди за превенција и заштита на личното здравје, поготово од Ковид-19 со што можат слободно на своите гости да им гарантираат чист, безбеден и пријатен престој.

Овие сертификати се веќе неколку месеци во примена во земјите на Европската унија и Балканот и со нив се имаат здобиено повеќе од илјадници угостителски објекти кои ги исполниле условите и правото на нивното користење.

Дополнително со донесувањето на препораки или протоколите за организирање на настани (разни прослави, семејни веселби, свадби и корпоративни настани) како и препораки или протоколи за работа на ноќните клубови и дискотеки ќе бидат изработени и соодветни сертификати согласно препораките за работа на истите наменети за овие угостителски сектори и специјализирани објекти.

Очекуваме голем интерес од угостителите за добивање на сертификати и печати за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО”. Апликацијата за пријавување за добивање сертификат заинтересираните угостители, менаџери и сопственици на угоститителски објекти можат да ја пополнат на следниот линк: АПЛИКАЦИЈА – БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И СИГУРНО” (https://forms.gle/u8FejSjgSzUhDiwcA)


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …