Breaking News

Независниот синдикат на државна администрација нема да штрајкува


Независниот синдикат на државна администрација денеска соопшти дека нема да организира, ниту пак ќе учествува во протест или штрајк бидејќи е исполнето барањето за исплата на плата за јануари за здравствените работници.


– По основ на искажаното дека нема да поднесеме кривична пријава против одговорно лице/фирма в.в. со оштетувањето на ИКТ систем (дознавме од медиуми, известувања како и изјава од претседателот на Влада) сметаме дека пред се обврска е на институцијата да поведе постапка за заштита на ИКТ систем како оштетена страна, се вели во денешното соопштение од синдикатот.


Претставници на Синдикатот вчера на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против „лицата кои го довеле Фондот за здравствено осигурување во ваква ситуација“.

Фондот за здравствено осигурување на почетокот на месецов беше цел на хакерски напад поради што беа оневозможени сите услуги што ги дава меѓу кои и исплата на платата за здравствените работници. бак/нд/