Ние сме една од најсиромашните нации во светот со минимална нето плата


Минималната нето плата во Македонија е 8050,00 денари или околу 130 евра, што нè прави посиромашни и од најзаостанатите земји во светот

Ирак, кој се уште е арена на воени дејствија и секојдневни терористички напади, може да се пофали со минимална плата во износ од 146,91 евра, пишува весникот worldtodaybg.com.

И ако тоа се објаснува со присуството на нафта во источниот свет, тоа нема логика за Либан, каде нафта нема, а минималната плата е 247,02 евра.

Во Босна и Херцеговина, која не е членка на ЕУ и наскоро минималната плата ќе биде во износ од 164,09 евра.

Во Папуа Нова Гвинеја – исклучително слабо развиена земја и се потпира главно за земјоделство, минималната месечна работна плата изнесува 141,70 евра. Дури на островот Вануату се радуваат на минимална плата во износ од 213,70 евра.

Граѓаните на Перу и Еквадор, кои се на листата на земјите од Третиот свет, добиваат повисоки плати од македонските работници, односно 178,04 евра во Еквадор и 151, 42 евра во Перу. Имено да споменеме дека овие земји имаат цени на производи и услуги кои се далеку поефтини од тоа што се продава кај нас. Така на пример во Еквадор минималната плата која е за околу 38 евра повисока од кај нас еден литар млеко е околу 35 денари. Цената на билетот за градскиот превоз им чини околу 16 денари или 0,20 евро.

Од наведените податоци, станува јасно дека земјите во Третиот свет се далеку подобри од нас, а ние сме една од најсиромашните нации во светот.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите …