Nielsen ќе мери телевизиски рејтинзи преку Twitter


Nielsen – меѓународната агенција, која се занимава со мерења на медиумски рејтинзи, веќе ќе започне со мерење на телевизиските рејтинзи преку Twitter.

Новиот инструмент Twitter TV, кој беше активиран официјално, веќе ја покажа својата сила на финалето на популарниот серијал Breaking Bad. Тогаш на оваа тема беа објавени 1,2 милиони твитови, кои достигнаа до 9,3 милиони акаунти.

Отсега со Twitter TV Nielsen секоја недела ќе се мерат рејтинзите на водечките телевизиски серии и емисиите според бројот на единствената публика, впечатоците и твитовите.

„Twitter TV“ се моќна алатка за мерење со сеопфатно влијание врз индустријата”, коментираше Стив Хаскер – претседател на глобалниот оддел за продукти на Nielsen.


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …