Nintendo со изненадувачки добри профити


Јапонскиот производител на видео игри Nintendo, чии производи беа особено популарни во 90-тите, регистрираа изненадувачки профит. Во третиот квартал на годината (јули-септември) компанијата заработила 215 милиони јени, соопштува BBC.

Само пред една година во истиот период забележаа загуба од 18 милијарди јени. Повеќето аналитичари очекуваа дека и во 2014 проблемите за Nintendo ќе продолжат и дури предвидуваа нова загуба од над 3 милијарди јени.

Во последно време Nintendo навистина се соочува со тешкотии поради конкуренцијата од страна на компаниите кои произведуваат игри за мобилни уреди. Но, очигледно фановите на „Супер Марио” – најпознатата игра на фирмата – се уште ги има.


Видете следно

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на …