НЛБ Банка АД Скопје стана спонзор на Судиската комисија при Кошаркарска федерација на Северна Македонија


Дресовите на судиите, дел од кошаркарската федерација на Северна Македонија, отсега гордо ќе го носат логото на НЛБ Банка. Ова е резултат на постигнатиот договор за спонзорство меѓу Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Северна Македонија и НЛБ Банка АД Скопје.

„Драго ни е што најдобрата Банка во државата, стана дел од кошаркарското семејство и што нè поддржаа нас судиите и делегатите кои сме дел од тоа „семејство”. Со овој пријателски гест тие покажаа дека се општествено-одговорна компанија и претставуваат позитивен пример во бизнис заедницата. Поддршката за нас е од огромно значење, a благодарение на ова спонзорство обезбедивме нова опрема за нашите членови, а со дел од средствата за првпат ќе развиеме нова онлајн платформа за дигитална едукација на судиите и нивно континуирано учење и усовршување, а тоа секако ќе значи и привлекување на нови и млади судии”, изјави Елена Велкоска, Претседателка на Судиската Комисија при Кошаркарската Федерација на Северна Македонија.

Судиската комисија при Кошаркарската федерација функционира во мошне динамична средина во која има повеќе од 110 кошаркарски натпревари неделно, што значи дека на терен активни се околу 160 судии низ целата држава, не сметајќи ги школските, средношколските и универзитетските натпревари. Денес, Македонската кошаркарска федерација брои 85 членки (регистрирани клубови) со 3.500 регистрирани кошаркари во сите категории, сениорски или младински.

Како дел од заедницата во која функционира, НЛБ АД Скопје е свесна за важноста од промоција и поддршка на вистинските вредности како и потребата да се инвестира во проекти од областа на спортот, едукацијата и културата. Во оваа насока тие и во идиниа ќе продложат да ги стумулираат овие сегменти во општеството и да бидата пример за социјално одговорна компанија.


Видете следно

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од КОВИД – 19 одат во фаза на финална селекција

  Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на …