НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Р.Северна Македонија според финансискиот магазин  „Euromoney“


На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од  целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една  потврда за нејзиното успешно работење и  остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.


Видете следно

Претседателот Пендаровски оствари средба со претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински …