НЛБ Банка: Клиентите кои се затекнаа во експозитурата и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, средствата на нашите клиенти се сигурни


Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката по повод денешниот грабеж соопштија:

„Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.

Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“.


Видете следно

Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се …