Ноќ на вештерките – празник кој ги има сите обележја на негативните енергии


Ноќ на вештерките (или Hallowe’en) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ноќта на вештерките се слави во многу земји, посебно во земјите како што се Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Таа прослава ги има сите обележја на негативните енергии.

Ирските доселеници во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.

Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain). Други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени.

Типични активности врзани за Ноќта на вештерките се прелажи-или-чести (trick-or-treating) (исто така познат и како “маскирање”, костимирани забави, правење фенери со длабење тикви – овие фенери се нарекуваат jack-o’-lanterns, палење огнови, ”вадење јаболка” (apple bobbing), посетување ”опседнати атракции”, правење шеги, раскажување страшни приказни и гледање хорор филмови.

Во ноќта кога се прославува Ноќта на вештерките, возрасните и децата се облекуваат како суштества од подземниот свет (духови, демони, зомби, вештерки, гоблини), палат светилки и уживаат во спектакуларните огномети. Куќите се декорирани со огнени тикви со застрашувачко лице. Некои од најпопуларните декорации за дворовите се фенер-тикви, страшила, вештерки, портокалово-пурпурни светилки, декорации на костури, пајаци, тикви, мумии, вампири и други монструозни суштества. Други морбидни декорации се надгробни плочи од стиропор и украси со гротескни ликови.


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …