Nokia го продава бизнисот со телефони на Microsoft


Американскиот софтверски гигант Microsoft Corp објави дека ќе го купи делот на Nokia за производство на мобилни телефони.

Според информациите на Reuters компанијата на Бил Гејтс ќе плати 5,44 милијарди евра. Во моментов двете компании се здружени при производството на моделите Nokia Lumia, а Microsoft го развива оперативниот систем Windows Phones.

Microsoft ќе плати 3.79 милијарди евра за бизнисот со уреди и услуги, како и 1,65 милијарди евра за патентни лиценци, се вели во пораката. Во прилог Microsoft ќе се потпира на картографски услуги на Nokia. Договорот треба да биде завршен во почетокот на 2014 година.

Според шпекулациите сегашниот извршен директор на Nokia Стефан Елоп ќе се врати во Одборот на директори во Microsoft, па дури се споменува како заменик на Стив Балмер, кој најдоцна за 12 месеци ќе ја напушти раководната функција во американската компанија. Елоп премина од Microsoft во Nokia во 2010 година, кога двете компании почнаа да соработуваат во производството на паметни телефони.

Договорот е дел од стратегијата на Microsoft да ја промени структурата и од софтверска компанија да стане компанија која обезбедува “уреди и услуги “.

Финската компанија во иднина ќе се фокусира главно на бизнисот со мрежи и развојот на услуги под брендот Here.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …