Nokia објави верзија на Lumia за кинескиот пазар


Финскиот производител на телефони Nokia забележа профит во последните три месеци на 2012 година. Од компанијата велат дека изгледите за трговија се тешки и дека нема да исплаќа дивиденди. Тоа е нешто што се случува за првпат на нивните акционери во последните 20 години, информира “Би-Би-Си”.

Добивката за кварталот пред оданочување со даноци е 375 милиони евра во споредба со 974 милиони евра загуба, која ја објави компанијата во 2011 година. Nokia соопшти дека продала 15,9 милиони паметни телефони за еден квартал.


Неисплаќањето на дивидендите ќе им помогне на компанијата да ја задржи монетарната достапност, и да си обезбеди “стратешка флексибилност”, коментираат од Nokia во соопштението.

Компанијата ја заврши 2012 година со нето парична достапност на вредност од 4.4 милијарди евра, што е за 22% помалку во споредба со претходната година.



Видете следно

Актуелните мерки во Грција за угостителските објекти продолжени уште една седмица

Угостителските објекти во Грција уште една седмица ќе работат со ограничено работно време до полноќ, …