Nokia развива нов бизнис


Иако Nokia го продаде телефонскиот бизнис на Microsoft, финската компанија не се откажала од пазарот на електроника. По неофицијални информации, Nokia планира да интервенира во играта со електронски уреди под брендот HERE.

Договорот со Microsoft не му дава право на Nokia да пушта уреди со својот главен бренд до крајот на 2015 година. Тоа е релативно краток период, но компанијата има добри изгледи уште отсега да развива бизнис со електроника, користејки друг свој бренд.

Во моментов, Nokia работи на проектот Crystal за создавање на електронски уреди, тврди NokiaPowerUser. Слични производи ќе се продаваат на пазарот под брендот HERE, со кој се маркетираат онлајн услугите на финската компанија.

Сеуште нема детали за проектот. Се претпоставува дека во рамките на Crystal ќе бидат развиени уреди користејќи информации за локација. Според други гласини Nokia планира да лансира “паметна” камера под управување на Android, додека Micrsoft се откажа да ја развива линијата на паметните телефони Nokia X.

Пазарот на преносни уреди од ваков вид на часовници, очила, фитнес тракер и камери се очекува да достигне 19-100 милиони единици во оваа година, и да бележи раст од 1,6 пати во однос на 2013-та, покажуваат прогнозите на аналитичката компанија.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …