Nokia станува единствен сопственик во Nokia Siemens Networks


Финската компанија Nokia Oyj постигнала договор со германската Siemens AG, за да го откупи уделот со заедничко вложување Nokia Siemens Networks.

Финците се подготвени да платат 1,7 милијарди евра, за да се здобијат и со другата половина од компанијата за производство на комуникациска опрема.

Nokia ќе плати првично 1.2 милијарди евра за 50 отсто од акциите на Siemens, а после една година ќе го исплати остатокот од сумата преку гарантиран кредит, соопштија од компанијата. Седиштето на Nokia Siemens ќе остане во Еспо, Финска, а Раџив Сури ќе остане на функцијата извршен директор. Се претпоставува дека договорот ќе биде финализиран до крајот на третиот квартал на годината.

Договорот е дел од стратегијата на Nokia да ги врати глобалните позиции на лидер во производството на паметни телефони пренесува Bloomberg.

Siemens со овој чекор се обидува да излезе од бизнисот со опрема за безжични мрежи и да се фокусира на бизнисот со опрема за енергетиката, здравството и железницата.

“Благодарение на мерките за оптимизирање на трошоците, Nokia Siemens е на пат да заштеди 1 милијарда евра од оперативните трошоци до крајот на оваа година”, објасни главниот извршен директор на компанијата Раџив Сури.

Програмата за оптимизација на трошоците беше лансирана во 2011 година и од тогаш  до сега компанијата намалила 17 илјади лица, или 23% од персоналот. Кон крајот на првиот квартал во заедничкото претпријатие тие имаат околу 56 700 работници.

Во април Nokia објави 20% пад на приходите за првиот квартал и тоа е најниско ниво во изминатите 13 години.

 


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …