Nokia влегува на пазарот на фаблети?


На интернет просторот кружат гласини дека Nokia планира да пушти 6-инчен фаблет, со оперативен систем Windows, кој во моментов го носи името Bandit.

Фаблет е вид на смартфон со големина на екран помеѓу 5.0 и 6.9 инчи, и ја комбинира функционалноста на smartphone и таблет, а ја елиминира потребата од користење на двата одделни уреди.

Очекувањата се тој да се појави како Nokia Lumia 1520. Иако од компанијата сеуште не ја потврдиле оваа информација, постојат слики на интернет, за кои се претпоставува дека се токму на новиот модел, според cnet.com.

Процесорот најверојатно ќе биде quad-Qualcomm Snapdragon, а екранот ќе има резолуција 1080 р. Се очекува тој да е лесен и тенок со 20-мегапикселна задна камера.

Со овој потег, финската компанија најверојатно ќе влезе на пазарот на фаблети, а прогнозите се дека моделот може да биде претставен кон крајот на септември.



Видете следно

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за …