Номинирање на решенија на компании членки на МАСИТ на WITSA Virtual Global ICT Excellence Awards


МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (www.masit.org.mk), денес номинираше решенија на три компании членки на WITSA Virtual Global ICT Excellence Awards, кои ќе се одржат во рамки на настанот “Road to WCIT Malaysia”       (https://wcit2020.org/) од 18-20.11.2020.

Компанијата Некстсенсе е номинирана со своите решенија: eРецепт и StopKorona! & VirusRadar мобилна апликација, компанијата MED -REP Group со решението – затворена СааС платформа за соработка во медицинскиот маркетинг сектор и компанијата Elevate Global со решението – алатка за автоматско предвидување на производство и потрошувачка во енергетската индустрија – БАТ.

МАСИТ, како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance),  секоја година има право да номинира решенија, a а годинава беа објавени следниве категории за номинација: COVID-19 технички решенија за градови и локалитети, COVID-19 технички решенија за земји или региони, COVID-19 најдобри решенија во индустријата, награда за јавно / приватно партнерство, награда за дигитални иновации, решение за одржлив раст, иновативни решенија во здравството, награда за дигитални иновации, и награда за е-образование и учење.

Повикот за учество во изборот беше отворен за сите компании членки на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои не се дел од МАСИТ, а право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија, имплементирани кај крајни корисници во Република Северна Македонија.

Им посакуваме успех и среќа на компаниите во изборот.


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …