Нов изменет режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Скопје


Од ЈСП ја информираат јаноста за изменет режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз:

„Сакаме да ги информираме корисниците на јавниот превоз дека денеска 12.07.2018 година, поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а дел од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената. Автобусите од јавниот превоз, како возилата на ЈСП Скопје, така и на приватните превозници, ќе сообраќаат согласно условите на терен и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција.

Поради протестот на Бит пазар предвиден во период од 12 до 16.30 часот, изменет режим на сообраќање ќе важи за автобуските линии 2, 8, 9, 12, 17, 19, 45, 50, 54, 55, 57, 59, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 65В, 73, како и за сите останати градски и приградски линии кои по редовната траса минуваат преку Бит пазар.

Најавен е и протест во период од 15 до 17 часот на крстосницата на „Рузвелтова“ со булевар „Партизански одреди“. Автобусите што сообраќаат во овој реон ќе возат во зависност од моменталните услови на терен, односно по траса наложена од сообраќајната полиција.

Вообичаено како и во изминатите неколку денови и вечерва во период од 20 до 22.30 часот поради протест пред Собрание на РМ, затворен за сообраќај ќе биде центарот на градот. Возилата од јавниот сообраќај ќе бидат пренасочени по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РМ) и по булевар „Свети Кирил и Методиј“ (Рамстор).

За подетални информации за изменетиот режим на сообраќање и трасата на конкретна линија, корисниците на јавниот превоз може да се јават во Оперативниот контролен центар на ЈСП Скопје на 3173-224“, се вели во соопштението на ЈСП.

 


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …