Нов круг за поддршка на младите таленти: Гласај за второто Ново Име!


Последниот момент за вториот круг на пријавување на платформата за таленти “Ново Име” ќе биде на 15-ти февруари, точно на полноќ. Веќе наредното утро, на платформата novoime.mk ќе осамнат сите валидни пријави, односно, ќе бидат претставени младите од Македонија кои во овој, втор круг на проектот Ново Име ќе настојуваат со својот талент да ја воодушеват јавноста и за тоа да бидат наградени.

Проектот Ново Име го реализира компанијата “ХТЛ МАКЕДОНИЈА” и брендовите како ADMIRAL, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ,  членки на групацијата “NOVOMATIC”, а со желба да се поддржат и охрабрат младите од цела територија на Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.

Благодарејќи на поддршката која ќе ја добијам како победничка во првиот круг на проектот, планирам да се усовршувам во работата со својата професорка по цртање, но и да организирам изложба на моите трудови”, кажа Сандра Туфеска од Демир Хисар, која со својот талент за цртање се избори за титулата прво Ново Име во Македонија, и ги повика сите млади во земјата своите знаења и вештини да не ги чуваат само за себе, туку храбро да ги споделат со светот и така да добијат шанса да ги унапредат.

Гласањето во вториот циклус на проектот трае до крајот на месецот, односно до 29 февруари на полноќ, а победникот се прогласува официјално ден потоа, како на самата платформа, така и на социјалните мрежи Facebook и Instagram, каде можете да ги следите сите случувања во врска со овој проект.

Но, не заборавајте, до средина на март можете да ги испраќате своите пријави за новиот круг, а важно е да се напомене дека пријавите кои ќе стигнат порано, со самото тоа и порано ќе го поминат тестот на валидноста, ќе бидат објавени на платформата, што на авторот ќе му обезбеди повеќе време за придобивање на победнички гласови. Следниот победник ќе биде познат веќе на 1-ви април.

 


Видете следно

Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби и 218 нови вработувања во периодот јануари – декември 2019-та

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 13%, раст на консолидираната нето добивка од 18%, …