Нов повик за користење средства од ИПАРД


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД
Програмата 2007-2013 за следните мерки:

Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија

Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со
нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија

Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци. Финансиската поддршка за мерка 101 може да изнесува:

 55% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства чиј носител е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.

 60% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони

 65% од од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони и чиј носител е на возраст од 18-40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.

 75% за инвестициски проекти спроведени во региони каде што Комисијата определила дека се случиле исклучителни природни непогоди или за инвестиции на земјоделски стопанства со цел спроведување на нитратната директиваза заштита на водите од загадувањепредизвикано од нитрати кои потекнуваат од земјоделството која е предмет на постоење на националнастратегија.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 10 декември 2014 година



Видете следно

Саем на венчавки 2020: Раскош и безвременска убавина во новата колекција венчаници на Елена Лука

Со модна ревија на венчаници од повеќе домашни дизајнери и модни куќи, вечерва беше отворен …