Нов раст на цената на Биткоин – криптовалутата се искачи на рекордно високо ниво


Цената на криптовалутата биткоин (БТК) достигна скоро 18.500 американски долари.

Во исто време, пазарната вредност на водечката дигитална валута веќе достигна историски 328 милијарди долари, според CoinMarketCap, надминувајќи ја претходната рекордна пазарна капитализација од 322,7 милијарди долари, што беше постигната точно на 17 декември 2017 година, кога цената на биткоинот достигна околу 19.997 американски долари.

Само во последните три дена од тргувањето, главната криптовалута се зголеми за 17%, за 30% во ноември и за скоро 160% оваа година.

За споредба, златото се зголеми од почетокот на годинава до денес за околу 24%, американскиот берзански индекс DJIA за 4,7%, широкиот индекс S&P 500 за околу 12% и технолошкиот индекс Nasdaq Composite за дури 33%.

Поддршката за острата апрецијација на биткоинот и другите криптовалути беше минатомесечна одлука на PayPal Holdings Inc. да им дозволи на своите корисници да купуваат големи дигитални валути и да ги користат за плаќања.

„Можно е цената на биткоинот да достигне рекордно ниво од 20 000 УСД пред Божиќ“, предвидува Симон Петерс, аналитичар на инвестициската платформа еТоро.


Видете следно

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, …