Нов урбан парк и најсовремено игралиште подарок од Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје


“Се грижиме за најмалите: ново детско игралиште со иновативен концепт” Скопје Сити Мол


Скопје Сити Мол со подарок парк и игралиште за жителите на Карпош и Скопје

На 5ти мај во присуство на градоначалникот на општина Карпош, посетители и гости, е пуштен во употреба новиот парк во пред Скопје Сити Мол, подарок од трговскиот центар за општина Карпош. Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки на паркот уредена е и летна тераса на која може да се организираат помали настани.


Ова ново катче наменето за најмладата генерација е донација на „Скопје Сити Мол“, која како општествено одговорна компанија е секогаш насочена кон поддршка и задоволување на општествените потреби, посебно во Општина Карпош со која се негува долгогодишна соработка.

Главна атракција во рекреативниот парк наменета за младите посетители е игралиштето изградено според светските трендови со специјално дизајнирана кула за качување која нуди широк спектар на особено возбудливи активности. Кулата е висока околу 8,5 метри е изградена според најдобрите европски стандарди од сложени форми поставени во облик на структура на ДНК. Челичната конструкцијата за качување може да се искачи преку тродимензионална мрежа направена од јажиња во внатрешноста на кулата, кои истовремено обезбедуваат авантура и учење за совладување на пречки за децата, но обезбедуваат и безбедност за корисниците. Покрај оваа кула има и други реквизити како твистер патека, пикадили вртелешка, љуљашка, лизгалка, еди спинер и други.


„За нашите соседи, жителите на Карпош, за жителите на Скопје и за нашите посетители создадовме ново катче за дружење и забава. Во годината кога го славиме нашиот десетти роденден, ова е наш подарок за позелена околина и нови атрактивни содржини за заедницата во која живееме и работиме.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Целосното уредување на паркот е инвестиција и е целосно донација на Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје, но и за сите посетители на трговскиот центар. Новоуредениот простор е во целосна сопственост и владение на општина Карпош. Скопје Сити Мол ќе се грижи и за тековното одржување на паркот и детското игралиште. Користењето на паркот и детското игралиште се бесплатни. 

Повеќе информации се достапни на www.skopjecitymall.mk


Видете следно

Општина Штип ќе ангажира 30 лица со ниски квалификации

Општина Штип ќе вработи 30 лица со ниски квалификации. Тие ќе бидат вклучени во проекти …