Нов Зеланд ги укинува ограничувањата


Нов Зеланд денеска ќе ги отстрани преостанатите ограничувања воведени поради коронавирусот во Окланд, откако беше утврдено дека епидемијата во тој град стивнува.

Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека врз основа на повеќе од 72.000 тестови не се пронајдени докази дека вирусот се шири во заедницата.

Окланд беше во тридневна блокада овој месец откако мајка, татко и ќерка беа позитивни на коронавирусот.

Откриено е дека уште пет контакти подоцна биле позитивни.

Откако заврши „заклучувањето”, Окланд продолжи со ограничувања, вклучително и забрана за собирање.

Изворот на епидемијата останува нејасен, иако властите продолжуваат да испитуваат дали постои врска помеѓу заразените патници во авион и мајката која работела во компанија за перење за авиопревозник.

Нов Зеланд, сепак, успеа да го запре ширењето на коронавирусот. паг/

Велингтон, 22 февруари 2021 (МИА) 


Видете следно

Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари

Шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги денеска изјави дека Јапонија ќе потроши 1,9 милијарди долари …