Breaking News

Нова цена на горивата од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата којашто ќе важи од полноќ.

– Исполнети се предусловите, РКЕ ќе носи одлука за цена на горивата со сила од ноќеска на полноќ, вели портпаролката на РКЕ Марина Узунов.


Според последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот, цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 84,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 86,50, на ЕУРОДИЗЕЛОТ 86,50, а на Екстра лесно масло 82,50 денари за литар. бак/са/